Од Википедија, слободна енциклопедија
Манганот е хемиски елемент во периодниот систем кој има симбол Mn и атомски број 25.
[уреди] Поважни карактеристики
Манганот е сивобел метал, сличен на железото. Тој е цврст метал и е многу кршлив. Лесно оксидира. Мангановиот метал е феромагнетик само по посебна подготовка.
Најчестите оксидациони броеви на манганот се +2, +3, +4, +6 и +7. Mn2+ често е во "натпревар" со Mg2+ во биолошките системи. Мангановите соединенија каде манганот е со оксидационен број +7 се моќни оксидирачки средства.
[уреди] Примена
Манганот е есенцијален при производството на железо и челик поради неговите сулфуросврзувачки, деоксидациски и легурни својства. Производството на челик, вклучувајќи ја неговата железосоздавачка компонента, бара многу манган, отприлика околу 85% до 90% од вкупната побарувачка. Покрај многуте други употреби, манганот е клучна состојка на ефтиниот бездамкин челик и некои нашироко употребувани алуминиумски легури. Тој исто така се додава на нафтата за да го редуцира тропањето на моторот. Манган(IV) оксид (манган диоксид, MnO2) се користи во оригиналниот вид на суви ќелиски батерии. Манган диоксидот исто така се корити и како катализатор.
Манганот се употребува за обезбојување на стаклото (ја отстранува зеленкастата боја која ја дава присуството на железо) и, во поголеми концентрации, прави виолетово обоени стакла. Манган оксидот е кафеав пигмент кој може да се користи за правење на боја и е состојка на природната смеѓа боја. Калиум перманганатот е потенцијален оксидатор кој се употребува во хемијата и во медицината како дезинфикатор. Мангановото фосфатирање се користи при спречувањето на корозијата на челикот. Тој често се користи и во монетите.
[уреди] Биолошка улога
Манганот е есенцијален нутруент во траги кај сите форми на живот.
Класите на ензими кои имаат мангански кофактори се многу чести, како што се оксидоредуктазите, трансферазите, хидролазите, лијазите, изомеразите, лигазите, лектините и интегрините. Најпознатите полипептиди кои содржат манган се аргиназа, дизмутаза супероксид (која содржи манган) и токсинот на дифтерија.
[уреди] Наоѓање
Манганот се наоѓа главно како пиролузит (MnO2) и во помала мерка како родохрозит (MnCO3). Копнените ресурси се големи, но не се дистрибуираат регуларно. Преку 80% од светските ресурси на манган се во Јужна Африка и Украина. Други важни мангански депозити се наоѓаат во Кина, Австралија, Бразил, Буркина Фасо, Габон, Индија и Мексико.
Големи количини на манган се наоѓаат во манганските израстоци на океанското дно. Обидите за изнаоѓање на економски најизводливи методи за собирање на манганот од океанските израстоци беа напуштени во 1970-сеттите.
[уреди] Соединенија
Калиум перманганатот е најчесто користен лабораториски реагенс поради неговите оксидациони својства и наоѓа примена при лекувањето на болестите кај рибите.
Манган(IV) оксидот се користи во сувите ќелии и може да се употребува за обезбојување на стаклото кое е загадено од железни траги. Мангановите соединенија можат да го обојат стаклото во боја која ја има аметистот и се одговорни за бојата на вистинскиот аметист. Манган диоксидот се користи исто така и при производството на кислород и хлор, како и во сушењето на црни бои.
Најстабилниот оксидационен број на манганот е +2, а многу мангански соединенија се познати каде манганот го има тој оксидационен број. На пример, такви се соединенијата манган(II) сулфат (MnSO4) и манган(II) хлорид (MnCl2). Оксидациониот број +3 е застапен во соединенијата како манган(III) ацетат, но тие се моќни редукциони средства.
BW Bewise Inc.
Welcome to BW tool world! We are an experienced tool maker specialized in cutting tools. We focus on what you need and endeavor to research the best cutter to satisfy users’ demand. Our customers involve wide range of industries, like mold & die, aerospace, electronic, machinery, etc. We are professional expert in cutting field. We would like to solve every problem from you. Please feel free to contact us, its our pleasure to serve for you. BW product including: cutting tool、aerospace tool .HSS Cutting tool、Carbide end mills、Carbide cutting tool、NAS Cutting tool、Carbide end mill、Aerospace cutting tool、Фрезеры’Carbide drill、High speed steel、Milling cutter、CVDD(Chemical Vapor Deposition Diamond )’PCBN (Polycrystalline Cubic Boron Nitride) ’Core drill、Tapered end mills、CVD Diamond Tools Inserts’PCD Edge-Beveling Cutter(Golden Finger’PCD V-Cutter’PCD Wood tools’PCD Cutting tools’PCD Circular Saw Blade’PVDD End Mills’diamond tool ‘Single Crystal Diamond ‘Metric end mills、Miniature end mills、Специальные режущие инструменты ‘Пустотелое сверло ‘Pilot reamer、Fraises’Fresas con mango’ PCD (Polycrystalline diamond) ‘Frese’Electronics cutter、Step drill、Metal cutting saw、Double margin drill、Gun barrel、Angle milling cutter、Carbide burrs、Carbide tipped cutter、Chamfering tool、IC card engraving cutter、Side cutter、NAS tool、DIN tool、Special tool、Metal slitting saws、Shell end mills、Side and face milling cutters、Side chip clearance saws、Long end mills、Stub roughing end mills、Dovetail milling cutters、Carbide slot drills、Carbide torus cutters、Angel carbide end mills、Carbide torus cutters、Carbide ball-nosed slot drills、Mould cutter、Tool manufacturer.
No comments:
Post a Comment